Централна Италија во недела ја погоди земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер, еден месец откако овој регион беше погоден од редица разорни земјотреси.
Потресот бил регистриран во 13:54 часот, на длабочина од осум километри, југоисточно од Перуџа.
Истата област беше разорена во земјотресот со магнитуда од 6,5 степени на 30 октомври. Тоа беше најсилниот земјотрес од 1980 година.
Тлото во оваа област се тресе веќе четири месеци. Кон крајот на август во земјотрес загинаа околу 300 луѓе, повеќето во гратчето Аматриче.