Нов документарен филм открива непознати детали од животот на Ердоган

Турскиот претседател некои го сакаат, некои го мразат, се плашат од него… Во изминативе неколку месеци ретко кој политичар предизвика толку големи контроверзи како Реџеп Таип Ердоган. Малку се знае каков е во приватниот живот, иако е веќе 13 години на власт.

Германскиот јавен сервис ZDF, sо помош на угледни експерти, биографи, противници и симпатизери на Ердоган, сними документарна емисија со наслов „Човекот Ердоган – тајните на турскиот претседател“, еден вид психограм на 62-годишниот политичар. Германскиот весник Bild го преставува во кртатки црти.

Мнозинството Турци го почитуваат својот претседател, кој важи за човек со јасни зборови и нагласени гестикулации.

„Тој поседува дарба и харизма неопходна да ја разбуди национланта гордост на многу Турци и тоа го искористи во своја корист,“ вели професотот Џени Вајт од Институтот за турски студии во Стокхолм.

Во 2015 година Ердоган наводно спречил самоубиство на млад човек на еден мост во Истанбул кога колоната службени возила случајно поминувала на тоа место. Полицијата пред тоа со часови се обидувле да го одвратат човекот од намерата да се фрли од мостот. Ердоган го повикал во автомобил и така спречил трагедија.

Неговите настапи како татко на нацијата особено добро поминуваат кај конзервативните Турци. Ердоган е познат по говорите во кои потенцира дека заштитата од несакана бременост не е во склад со верата и дека секоја жена треба да има најмалку три деца.