Nokia повторно се враќа на пазарот на паметни телефони

Финската телекомуникациска компанија Nokia, некогашен светски лидер во производството на мобилни телефони, повторно во првата половина на следната година ќе се врати на пазарот на паметни телефони, соопшти компанијата.

Nokia, која сега е лидер во производството на телекомуникациска опрема, потврди дека компанијата HMD Global, како сопственик на брендот на телефони на Nokia, веќе следната година ќе го лансира првиот паметен телефон на компанијата.

Од Nokia е соопштено дека HMD добил зелено светло за производство на паметен телефон, откако ги заврши сите потребни трансакции со својот тајвански партнер FIH Mobile of Foxconnom и американски Microsoft, кој во 2014 година го купи од Nokia нејзиното непрофитабилно работење со телефоните.

Излетот на Microsoft во областа на производство на телефони во 2014 година ја чинеше оваа компанија 7,2 милијарди долари, но траеше кратко, откако во мај оваа година се реши овој сегмент да го продаде на компанијата HMD Global и FIH Mobile за 350 милиони долари.

Microsoft, исто така, одлучи да го запре производството на паметни телефони во Финска, отпуштајќи околу 1,35 илјади работници.