Најмалку една жртва во земјотрес во северозападна Кина

Најмалку една жртва е пријавена по земјотресот со магнитуда од 6,7 степени по Рихтер во северозападниот дел на Кина покрај границата со Таџикистан, соопшти во саботата агенцијата Xinhua.

Според штурите вести кои доаѓаат од ова ретко населено и тешко пристапно подрачје, уништени се куќи и оштетена е железничката пруга. Спасувачките единици се испратени во помош на изолираните заедници во округот Акто, сметен на кинеската планинска граница со Таџикистан и со Киргистан.

Властите во Пакистан, исто така, соопштија дека потресот бил почувствуван и во северозападниот дел од покраината Кибер Пактинква. Сепак, нема пријавени штети на настрадани.

„Се проценува дека околу 40.000 луѓе се погодени во рамките на периметарот во кој е измерена магнитуда од 6 и повеќе. За среќа, градбите се солидно изведени во оваа област, и колку што знаеме засега, урнати се само некои стари куќи и објекти“, изјавил Џанг Јонг, заменик шеф на управата за заштита од земјотреси во Ксинџијанг Ујгурската автономна област, кој појаснува дека не се очекува зголемен број на жртви поради ретката населеност на погодената област и зајакнувањето на градежните структури.

Кинескиот центар на мрежата за земјотреси (CENC) соопшти дека силниот земјотрес кој го погодил округот Акто и Кизилус Киргиската автономна покраина во петокот ноќта била со 6,7 степени според Рихтеровата скала, на релативно мала длабочина од 10 километри. Земјотресот бил силно почувствуван и во соседната покраина Кашгар, на 169 километри од епицентарот.