Најмалку девет ранети во оружен инцидент во универзитетски кампус во САД, напаѓачот убиен

Најмалку девет лица се ранети, меѓу кои едно критично, во оружен инцидент во кампусот на државниот универзитет во Колумбус, во американската сојузна држава Охајо, а осомничениот напаѓач е убиен, соопшти полицијата.

Универзитетот Охајо заради пукотниците веднаш е затворен, а студентите биле повикани да се засолнат. Студентскиот весник The Lantern објави на Твитер дека во кампусот можеби има уште еден напаѓач. Пукотниците не се реткост во САД, каде што носењето оружје е дозволено според вториот уставен амандман.