Најмалку 40 лица загинаа откако платформа се урна на едно градилиште во кинеската провинција Јиангхи, објави британски БиБиСи.
Несреќата се случила во електрана, во Фенгченг, каде што се гради кула за ладење. Голем број луѓе сеуште се заглавени на местото на настанот, објави државната агенција Синхуа.
Противпожарните служби на покраината соопштија дека биле испратени 32 противпожарни возила на местото на несреќата, каде веќе се распоредени 212 војници.
Вкупно 68 луѓе биле на градилиштето во времето на несреќата.