Најмалку 15 луѓе загинале во експлозиите во саботата вечерта во турската метропола Истанбул, пренесува телевизијата Al Jazeera Turk, a претходно агенција Reuters јави за 13 жртви, а турската телевизија NTV објави дека покрај жртвите има и 38 ранети.
Две силни експлозии одекнаа во саботата вечерта во Истанбул во близина на „Водафон“ арената, во европскиот дел од градот. Според информациите, настраданите се главно полицајци.
Според досегашните сознанија, цел на нападот изведен веројатно со автомобил бомба бил автобусот со кој полицајците се превезувале по обезбедувањето на фудбалскиот натпревар меѓу Бешикташ и Бурса (2:1) кој заврши чад и половина пред експлозиите.
Турција се соочува со низа на терористички напади во текот на изминатата година, вклучувајќи и неколку во Истанбул, за кои одговорноста ја преземаат џихадистичката Исламска држава и курдските милитанти. Во јуни, најмалку 41 лица загинаа, а околу 240 беа повредени во напад со Исламската држава на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул