Бројот на загинати во пукањето во Лас Вегас се искачи до над 50, а има и над 200 ранети, информира локалниот шериф. Тој рече дека напаѓачот е идентификуван како Стивен Падок, локален жител, но сè уште нема информации за мотивите за нападот.
Напаѓачот рафално пукал кон присутните на уличен фестивал на кантри музика од 32-от кат на еден хотел во близина. Пукањето траело неколку минути пред тој да биде застрелан од полицијата.
Oва е најкрвавиот напад во САД по нападот врз ноќен клуб вo Орландо , кога поддржувач на Исламската држава уби 49 луѓе во јуни 2016 година.