На 67 се искачи бројот на жртвите од колапсот на електраната во Кина

Бројот на загинатите во падот на градежната конструкција за кули за разладување во централата во градот Фенгченг во југоисточната кинеска покраина Џиангџи, се искачи на 67 луѓе, соопштија во четвртокот локалните власти.

Претходно властите објавија за 40 загинати. Судбината на засега неутврден број работници засега не е позната, а операцијата за пронаоѓање и спасување продолжува. Во операцијата се ангажирани 32 противпожарни бригади, на кои им се приклучите и девет специјално обучени кучиња за пребарувања, како и два робота за спасување.

Смртоносните несреќи се многу чести во индустриските капацитети во Кина, особено во рударскиот сектор, поради лошите безбедносни прописи и дивите рудници. Најчесто причина за експлозиите е несоодветното складирање хемикалии или индустриски експлозив.

По низата вакви несреќи со повеќе стотици жртви, владаа во Пекинг најави дека ќе презема ригорозни мерки за подобрување на заштитата и безбедноста при работата, особено во рударскиот и енергетскиот сектор.