Мртво море буквално умира

mrtvo more

Нешто се случува со најниската точка на нашата планета, која се наоѓа на некои 430 метри под нивото на морето.

Мртво море, солено езеро сместено меѓу Израел, Јордан и Западниот брег се намалува со алармантна брзина – околу еден метар годишно, според податоците на еколошката група ЕкоПис Мидл Ист. За ваквиот исход најверојатно виновни се луѓето.

„Не е виновна само една земја. Во прашање е цел регион,“ вели фотографот Мориц Куштнер кој во февруари работел на својата серија „Мртво море пред умирање“, пишува СиЕнЕн.

На Мртво море потребна му е вода од други природни извори кои го опкружуваат како што е реката Јордан. Но во 1960 година, текот на водата од некои извори кои се влевале во морето бил пренасочен. Израел, на пример, изгради цевковод во тоа време за да се снабдува земјата со вода.

Индустријата за експлоатација на минерали е втора главна причина за опаѓањето на нивото на водата, тврдат експерти. Минералите од Мртво море познати се по своите терапевтски својства и често ги има во козметички или други производи.

И тука секако е жешката, сува клима на Блискиот исток поради што езерото тешко може само да се полни.

Минатата година Израел и Јордан потпишаа договор вреден 900 милиони долари во обид да се стабилизира нивото на водата на Мртво море. Ова подразбира изградба на канал од Црвено море до Мртво море така што двете земји можат не само да се снабдуваат со вода туку и да ја испумпуваат многу-потребната вода, околу 300 милиони кубни метри, во Мртво море.

Мртво море, на хебрејски познато како Солено море е едно од најсолените води во светот со солинитет од околу 34 проценти. Но поради се она што се случува со години наназад, водата станува се посолена. Многу луѓе од цел свет доаѓаат таму за да пливаат во солената вода.

Овој месец околу 30 маратонци, пливачи од цел свет кои сакаа да ја подигнат свеста за опаѓањето на нивото на водата, пливаа 14 километри од Јордан до Израел. Тие носеа маски на лице за да ги заштитат очите и устата. Еден пливач искуството го опиша како киселина да му ги пржи очните јаболчници.