Германската канцеларка Ангела Меркел рече во четврток дека е „горда“ на смирената реакција на Германците на нападот на божикниот саем во Берлин, кога потерата по сторителот сѐ уште е во тек.
„Изминатите неколку дена бев многу горда на смиреноста со која повеќето луѓе реагираа на таа ситуација“, рече Меркел во присуство на министерот за внатрешни работи Томас де Маизиер и министерот за правосудство Хаик Мас. Тројцата беа информирани за текот на истрагата по нападот во Берлин.
Германските власти трагаат по Тунижанецот Анис Амри чии имиграциски документи биле пронајдени во камионот.