Меркел: Алепо е срам за меѓународната заедница

„Алепо е срамота. Срамота поради тоа што не успеавме да вопоставиме хуманитарен коридор, но мораме да продолжиме да се бориме за тоа“, изјавила Меркел, обраќајќи се до членовите на својата партија, Христијанско-демократската унија, пренесува AFP.

Русија и Кина во понеделникот ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, со кој се побара седумдневно примирје во Алепо. Русија тврди дека со ова на бунтовниците би им се овозможило регрупирање и дека потребно е време за да има продуктивни разговори помеѓу Вашингтон и Москва.