Припадниците на специјалните единици на германската полиција во средата ноќта извршиле во рамките на антитерористичка операција во Берлин извршиле рација во дава стана во германската престолнина во потрага по осомничениот Анис Амри, за нападот врз божикниот базар од понеделникот, објави електронскиот издание на весникот Die Welt, повикувајќи се на полициски извори.
Рацијата била извршена во 20 часот по локално време и целата операција траела околу еден час, во два стана во станбена зграда во центарот на Берлин, во квартот Кроијцберг. Еден од жителите се спротиставил и бил приведен, но полицијата не го пронашла осомничениот Амри. Изворите на весникот рекле дека сметаат дека осомничениот успеал да побегне претходно.
Се претпоставува дека Амри го управувал камионот кој ги косеше посетителите на божикниот саем во понеделникот вечерта, кога беа убиени 12 а повредени уште 48 луѓе. Одговорноста за нападот ја презема радикалната групација Исламска држава, а истрагата дошла до сознанија дека младиот Тунижанец претходно одржувал врски со радикални исламисти во Германија.