Лавров во Белград на средби со државниот врв

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денес ја започнува дводневната посета на Србија, а во Белград  ќе има средби со највисоките функционери и ќе учествува на состанокот на Организацијата за црноморска економска соработка (BSEC).

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ  ќе го пречека неговиот руски колега на аеродромот „Никола Тесла“, а потоа гостинот ќе има одвоени средби со претседателот Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ.

Вучиќ во неделата изјави дека со рускиот министер за надворешни работи ќе разговараат за политички теми, економска, воена, военоекономска соработка и воено образование.