Наводите дека руски хакери ја помогнале победата на Доналд Трамп се само мит, рекол рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за италијанскиот весник Corriere della sera. Во интервјуто, главен акцент бил ставен на санкциите против Москва, односно на тензиите помеѓу НАТО и Русија, пренесува телевизијата Russia Today.
Веднаш по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, американските и европските медиуми тврдеа дека бил извршен хакерски упад во штабот на демократскиот ривал Хилари Клинтон. Според нив наводниот напад бил извршен од „руски хакери“ кои се виновни за поразот на Клинтон..
Во интервјуто за италијанскиот весник Лвров нагласил дека единствените кои му помогнале на Трамп да стане 45-от претседател на САД се американските граѓани.
“Симптоматично е дека авторите на таквите инсинуации, кои поттикнуваат русофобична хистерија во САД во пресрет на изборите, сега играат улога на мајка. Никаков “доказ” за наводното мешање во изборниот процес не ѝ беше презентиран на американската, ниту на меѓународната јавност “, рече Лавров.
„Во октомври, Вашингтон официјално ја обвини Москва за организирање на хакерски напади врз официјални лица и институции во САД, иако не ја поткрепи ваквата сериозна изјава со никакви факти или други информации. Кремљ ги отфрли обвинувањата од страна на САД како “бесмислени “. Недостатокот на докази покрена голем број прашања за вистинска цел на таквите наводи“, рекол Лавров.
„Со ова се потврдува уште еднаш дека целата приказна е всушност создавање мит со цел да се разрешат краткорочните политички цели”, дополнил министерот за надворешни работи.