Досегашниот француски министер за внатрешни работи Бернар Казне е поставен за премиер на Франција, откако Мануел Валс поднесе оставка на функцијата, јавува AFP.
„Казнев е силна личност со искуство во водењето на државните работи“, соопштиле од Елисејската палата, пренесуваReuters. Казнев ќе ја извршува должноста до парламентарните избори во јуни следната година, а претседателските избори се предвидени за април 2017-та година.
Досегашниот премиер Мануел Валс поднесе оставка во понеделник за да може да се кандидира за претседателските избори. „Кандидат сум за претседател на Републиката“, рекол Валс во обраќање до јавноста.
„Тоа го соопштувам овде во Еври, својот град, градот на мојата фамилја, моите деца, моето срце… каде што секогаш се договори директно и искрено. Овој град е животна школа“, рекол Валс, обраќајќи се пред неговите сограѓани во Еври, каде од 2001-та до 2012-та година ја извршуваше функцијата градоначалник.
Француските социјалисти ќе организираат внатрепартиски избори за претседателски кандидат во јануари, а претседателот на социјалистите Франсоа Оланд неодамна изјави дека нема да бара втор мандат.
Поранешниот министер за економија Арно Монтбур прв ја поднесе својата кандидатура за внатрепартиските избори кои се предвидени меѓу 22-ри и 29-ти јануари, додека останатите кандидати имаат рок до 15-ти декември да го направат тоа. Според француската јавност, главни фаворити на претседателските избори ќе бидат кандидатите на десницата и крајната десница – Франсоа Фијон и Марин Ле Пен.