Канадска туристка, двајца цивили и четири полицајци се убиени од вооружени напаѓачи врз полициска станица и полициски возила на југот од земјата, соопштија во неделата безбедносни извори.
Жената од Канада и двајцата цивили загинале во вкрстениот оган меѓу полицијата и вооружената група, пренесува телевизијата Al Jazeera. Идентитетот на напаѓачите засега не е познат.
„Безбедносните служби појдоа во потрага по вооружените напаѓачи кои се забарикадираа во тврдината Карак“, туристичко место 118 километри јужно од јорданската престолнина Аман, изјави за AFP безбедносен извор кој сакал да остане анонимен, и додал дека во нападот има и најмалку ранети девет лица
Карак е позната туристичка дестинација позната по тамошната една од најголемите тврдини во регионот подигнати во периодот на Крстоносните војни.
Неидентификуваните вооружени лица во неделата извршиле серија напади врз безбедносните сили и патроли и отвориле оган врз зградата на локалната управат на полицијата во овој историски град.
Потоа напаѓачите се сокриле во тврдината која се наоѓа во центарот на Карак и продолжиле да даваат отпор на полициските сили кои тргнале во потера по нив. Локалните медиуми наведуваат дека во замокот биле земени и заложници, кои потоа биле ослободени, а меѓу нив имало и туристи.
За неутрализација на вооружената група од главниот град Аман испратени се припадници на специјалните сили.
Властите во Карак велат дека сепак зад овој напад стојат терористички групации. Претходно беше објавено дека станува збор за престрелка меѓу два припадници на два спротиставени локални клана.