Избрана новата црногорска влада

Мандатарот за состав на новата црногорска влада Душко Марковиќ во понеделник на собраниска седница го предложи составот на новата влада во која ќе има 19 министри, а пратениците со мнозинство гласови ја потврдија новата црногорска влада.

Најважните ресори ќе ги покриваат кадрите од владејачката Демократска партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ, додека помалите партии добиле пет места во новата влада.

На изборот на владата во парламентот не присуствуваше ниту еден од 39 пратеници на опозицијата, кои најавија бојкот додека државното обвинителство не ја заврши истрагата за планираните терористички напади на 16 октомври.

Новиот црногорски премиер рече дека фокусот ќе го насочи кон интензивирање на односите со соседите, со ЕИ и САД и со Кина, а ќе се обиде и да ги надмине несогласувањата со Русија.