Џихадистите од ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава кои се вратиле од боиштето од Сирија во Европа се способни да изведат напад со боев отров откако во воените зони на Блискиот исток научиле како тоа да го сторат, предупреди во средата виш функционер на организацијата Обединетите нации за забрана на хемиското оружје (OPCW).
Организацијата OPCW во истрагата која завршила во октомври заклучила дека силите на сириската влада се одговорни за нападите во кои е употребен наводно гасот хлор, а дека Исламската држава наводно користела иперит, боен отров познат и како „сенф гас“ поради својот мирис кој потсетува на сенф.
„Се чини дека една од опасностите со кои мораме да се соочиме и на која мораме да одговориме, поради тоа што Исламската држава научила да произведува иперит, дека за жал некои од милитантите кои тоа го научиле се вратиле во една од нашите држави, и ќе помогнат во спроведување на таквиот напад“, изјави во средата Фелипе Дениер од OPCW на безбедноста конференција во Париз.
Западните функционери се сé позагрижени поради тоа дела Исламската држава ќе го повика своите милитанти и други џихадисти кои се враќаат од Блискиот исток да ги зајакнат нападите во западните држави