Иранскиот претседател Хасан Роухани претстави во понеделникот историската повелба за граѓанските права, која на граѓаните им гарантира правото на слобода на говорот, на протестирање, праведно судење и на приватност.
Иако многу од овие права се веќе гарантирани со уставот донесен по Исламската револуција во 1979 година, актуелниот ирански претседател Хасан Роухани изјави дека повелбата прави јасна листа од принципи кои државните институции мора да ги почитуваат, а што ќе биде следено.
„Многу сум среќен што денеска е исполнето едно од моите најважни ветувања и остварив еден од најважните свои сништа“, изјави Роухани.
Меѓутоа, многу ирански институции, вклучително и правосудството и моќната Гарда на чуварите на Исламската револуција, се под контрола на тврдата струја којашто не му одговара на претседателот и смета дека мора, во прв ред, да ја штити револуцијата од дисидентите и странско мешање.
Роухани истакна дека властите мора да ги почитуваат ограничувањата на нивните овластувања.
„Никој не смее да влезе во туѓа куќа, продавница или работно место без дозвола на сопственикот…, за да се утврди дали е сторено кривично дело или грев“, изјави Роухани цитирајќи го покојниот ајатолах Рухолах Хомеини.
Роухани напомна дека повелбата уште формално не е преточена во закон, но оти „сите мора да ја почитуваат“.
Новиот „специјален претставник за граѓански права“ ќе ја подготви соработката со министерствата реформските планови и ќе го оценува нивното напредување во годишните извештаи.„Едно од главните барања на иранскиот народ се граѓанските права“, додаде.
„Оваа повелба е одговор на иранската нација на некои арогантни западни земји кои сметаат дека се пред земјите од Третиот свет според човековите права“, порача Роухани.
Јусеф Молаји, адвокат од Техеран, објасни дека повелбата претставува „чекор напред у осигурувањето на делот на правата и слободите коишто луѓето би требало да ги уживаат“,
„Претседателот ја истакнува важноста на граѓанските права и потребите од почитување на постојните закони кои моментално не се спроведуваат во целост“, изјави Молаји наведувајќи го како пример тоа што во некои процеси судот може да одлучите дека адвокат не е потребен, а повелбата разјаснува дека тоа е погрешно.
Конзервативците, меѓутоа, ја критикуваат повелбата, сметајќи ја дека делумно во полза на реформистичкото малцинство, а не на пошироката иранска јавност.
„Луѓето овие денови нестрпливо очекуваат резултатите на укинувањето на економските санкциите благодарејќи на нуклеарниот договор …, а владата при крајот на својот мандат се досети за граѓанските права. Тоа е смешно“, коментираа од Osulgara News, конзервативен социјален медиуми.