Индонезиски функционери упатија во четвртокот итен повик за помош за згрижување на стотиците повредени по силниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 100 лица во покраината Ачех, каде што населението се соочува и натаму со нови помали земјотреси.
Потресот со магнитуда од 6,5 степени по Рихтеровата скала во средата утрото околу 5 часот по локално време, уништил стотици куќи, џамии и деловни објекти во покраината Ачех, на северот од индонезискиот остров Суматра, помалку од три седмици од одбележувањето на 12 години од катастрофалниот земјотрес со магнитуда од 9,3 и гигантското цунами кое на 26-ти декември 2004 година кога во оваа покраина загинаа повеќе од 120.000 луѓе од вкупно 230.000 жртви во 12-те земји на Индискиот Океан.
Според последните податоци на властите покажуваат 102 жртви и повеќе од 700 повредени, од кои повеќе од 400 се со тешки повреди, истакна портпаролот на индонезиската Национална агенција за управување со последиците од природните катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо.
Претседателот Џоко Видодо побара од сите Индонежани да се молат за сонародниците во покраината зафатена со потрес.
Вниманието сега е насочено кон повредените и без покрив над главата. Војската подигна засолништа, кујни и полска болница во градот Меуреуда, кој силно настрадал, изјавил воен функционер Татанг Сулаиман во Ачех.
Но, недостига медицинска опрема и други основни продукти во оваа лошо снабдена област чии болници се пренатрупани, соопштија властите.
Помошта почна да пристигнува со подигнување шатори за оние кои останале без домови, но уште има голема потреба за згрижување на околу 4.000 евакуиран лица, соопшти локалниот функционер на агенцијата за управување со катастрофи Путех Манаф.