Илјадници бунтовници го положиле оружјето и напуштиле предградие на Дамаск

Околу три илјади бунтовници доброволно го положиле оружјето во Хан аш-Шеик, предградие на сириската престолнина Дамаск, и заедно со нивните семејства со автобуси се префрлуваат во покраината Идлиб.

„По долги и напорни преговори беше постигнат договор за прифаќање на прекинот на борбените дејствија и непријателствата“, изјави претставникот на Центарот за помирување на завојуваните страни во Сирија, рускиот полковник Алексеј Лешченко, пренесува агенцијата РИА.

Радикалните борци на сириските власти им предале повеќе од 500 парчиња лесно оружје, снајперски пушки и десетици минофрлачи од 120-мм. Во градот, исто така, се предадени работилница за производство на оружје складови за муниција кои ги користеле бунтовниците.

Во Хан аш-Шеик уништени е се голем дел од зградите. На улиците сé уште има неексплодирани убојни средства, од кои дел воени стручњаци ги активираат на самото место.

Цивилите кои го напушија ова предградие на сириската престолнина кое преставуваше силно упориште на радикалните сунитски групации пред четири години започнале да се враќаат во своите домови, пренесува агенцијата. Во обновувањето на објектите им помагаат владините сили кои работат на обновување на инфраструктурата.