Холандската полиција уапси можен терорист со калашников

Холандската полиција уапсила во Ротердам 30-годишен маж кој е осомничен за планирање терористички напад, објави во петокот државното обвинителство.

Детективите го пребарале неговиот стан откако добиле пријава од разузнавачката агенција AIVD. При пребарувањето откриле автоматска пушка „Калашников АК-47“ со муниција и четири кутии со „јасна експлозивна илегална пиротехника“.

„Осомничен е дека подготвувал терористички напад“, објави обвинителството. Во станот е пронајдено и голема слика од знамето на џихадистичката организација Исламска држава, се додава.