Германија заради заладувањето на односите со Турција размислува да ги премести воените авиони кои учествуваат во меѓународната акција против исламска држава од базата Инџирлик во Јордан, Кувајт или на Кипар.
Германското Министерство за одбрана соопшти во петок дека на барање на парламентот бара алтернативни локации за турската воздухопловна база Инџирлик.
Турција во повеќе наврати не сакаше да им дозволи на пратениците од Бундестагот да ги посетат германските трупи стационирани во Инџирлик, откако германскиот парламент во јуни усвои резолуција за геноцидот над Ерменците.