Германија ја повика Грција да продолжи со реформите, отписот на долгот нема да помогне

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ја повикал Грција да продолжи со реформите, бидејќи отписот на долгот нема да биде доволен за да и помогне на земјата, пренесуваат германските медиуми.

Во пресрет на состанокот на министрите за финансии на државите членки на Еврозоната на кој ќе се анализира напредокот во програмата за помош за Грција, германскиот министер предупредил дека отписот на дел од долгот нема да и помогне на земјата.

Од Меѓународниот монетарен фонд, пак, сметаат дека на Грција и се потребни подобри услови за отплата на долгот, што ќе придонесе и за опоравување на нејзината економија, но Германија како главен кредитор се противи на таквите мерки. „Атина мора конечно да ги спроведе неопходните реформи. Доколку Грција сака да остане во Еврозоната, тогаш таа не може да го избегне тоа, нешто што е тотално неповрзано со нивото на долгот“, рекол Шојбле./крај/мф/бс