Најмалку 76 луѓе, од кои 17 се фудбалери на бразилскиот Шапикоенсе, загинаа во авионска несреќа во близина на Меделин во колумбија.
Бразилските фудбалери патувале на првиот финален меч во Копа Судамерикана против Колумбискиот Атлетико Насионал.
По падот на авионот бразилските медиуми јавија дека фудбалерите воопшто не требало да бидат на кобниот лет, но полетале со овој авион откако бразилската Агенција за цивилно воздухопловство не им го одбрила вонредниот лет.
Поради тоа клубот со комерцијален лет, преку Боливија се упатил кон Меделин. Авионот удрил во планина во близина на Меделин, а точните причини за падот сé уште не се познати. Поради несреќата Јужноамериканската фудбалска конфедерација го откажа финалниот двомеч меѓу Атлетико Насионал и Шапикоенсе.