Europol ќе го истражува случајот со потонатиот брод со мигранти близу Египет

Европската полиција Europol ќе покрене истрага за потунувањето на бродот полн со мигранти во 2016 година, откако случајот беше предмент на истрага на агенцијата на Reuters и британскиот сервис BBC.

Повеќе од 500 луѓе загинаа во потонувањето на бродот на 9. април 2016, но официјална истрага никогаш не била покрената. Истражувањето на Reuters и BBC Newsright,  утврдило дека бродот испловил од Египет, а не од Либија, како што изјавија од УНХЦР во тоа време.

Шефот на Europol, Роб Вајнрајт, рече дека случајот е „непријатен“.

Тој ја поздрави истрагaта на Reuters и BBC Newsright и вети дека повторно ќе се навратат на случајот со оглед на фактот „дека има отсуство на јасни одговори“.