Европската унија(ЕУ) и официјално ги продолжи економските санкции за Русија заради Украина за уште шест месеци, односно до 31 јули 2017 година, јави Радио Слободна Европа.
Санкциите се насочени кон финансискиот, енергетскиот и одбранбениот сектор, а се однесуваат и на средствата што можат да се користат во индустриски и воени цели.
Минатата недела германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд ја нагласија важноста од продолжување на санкциите, бидејќи Москва не го применила договорот од Минск, со кој се предвидуваше завршување на конфликтот на истокот на Украина.