Ердоган: Турција не треба да настојува да влезе во ЕУ

=

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјавил дека неговата земја не треба да настојува да влезе во Европската унија (ЕУ), сугерирајќи дека Анкара би можела да и пристапи на Организацијата за соработка од Шангај, со која копретседаваат Кина и Русија, пренесуваат турските медиуми.

Изјавата на Ердоган доаѓа во моменти кога односите меѓу Турција и ЕУ се влошени поради бројните чистки кои Анакра ги спроведува по неуспешниот државен удар од 15-ти јули.

Европратениците бараат прекин на преговорите за приемот на Турција во ЕУ, протестирајќи против повредата на демократските права, особено поради апсењето на прокурдските новинари и адвокати.

„Турција би требало да се чувствува опуштено во врска со прашањето на ЕУ, а не таа неа да ѝ биде фиксација“, објаснил Ердоган.