Ердоган: Турција може и без ЕУ

Турција сé уште не се откажува од амбициите да стане членка на Европската унија, но ако тој процес не напредува, земјата има многу други алтернативи, порача во вторникот турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

„Сé уште не сме ја затвориле книгата ЕУ“, рече Ердоган на меѓународна конференција во Истанбул, пренесува агенцијата AFP.

„Но, никој не смее да заборави дека Турција секогаш има многу други алтернативи,“ додал турскиот лидер.

Непрецизирајќи кои алтернативи се во опција, Ердоган навел дека во тек се разговори со други потенцијални партнери, пренесува Reuters.

„Нашиот пат можеме да го продолжиме со некој од нив“, изјавил претседателот на Турција.

Откако минатата недела Европскиот парламент усвои необврзувачка резолуција за замрзнување на преговорите со Анкара, Ердоган рече дека Турција не мора „по секоја цена“ да ѝ се придружи на ЕУ.