Неодамна починатиот кубански револуционер и децениски челник на карипскиот комунистички остров веднаш до САД. Фидел Кастро, всушност претставувал економски товар за поранешниот Советски сојуз, и поради таа причина во еден момент Вашингтон престанал да биде заинтересиран за негова ликвидација па дури и почнал да го поддржува, тврди поранешниот агент на американската Централна разузнавачка служба (CIA) Феликс Родригез, кој учествувал во заробувањето и ликвидацијата на аргентинско-кубанската герилска икона Ернесто Че Гевара во 1967 година.
Снимката од интервјуто на Феликс Родригез за латвиското радио Baltkom беше емитувано во понеделникот, како специјален осврт на медиумите посветен на смртта на деценискиот кубански лидер Фидел Кастро.
Одговарајќи на прашањето на новинарот зошто обидите на CIA за ликвидација на кубанскиот челник завршувале со неуспех, а се споменува збор за повеќе од 630 несушени обиди за атентат врз Кастро, Родригез вели дека претпоставува оти CIA во едем момент започнала да го користи во борбата со тогашниот СССР.
„Во почетокот го имаше и тоа (обидите за атентати), но пота, според мое убедување, него започнаа да го поддржуваат (САД). Тоа се должи на фактот што Кастро стана огромно економско бреме за Советскиот сојуз. СССР трошеше големи пари за да ја одржува Куба во живот. Од таа причина САД не беа заинтересирани да се ослободат од Фидел Кастро. Се разбира, имаше луѓе кои беа ‘при рака’, и имаше атентати, коишто, за жал не беа успешни. Јас самиот се предложив за ликвидацијата на Кастро, кога тој престојуваше во логор за обука во Гватемала. Ме прифатија, но потоа планот беше променет и тоа не се случи.. Како и да е, атентати немаше толку многу како што зборуваше самиот Кастро. И она во што можеме да бидеме апсолутно уверени, е тоа што Фидел Кастро имаше огромна поддршка до своите разузнавачки служби“, вели Родригез.
Во продолжение некогашниот агент на американска CIA раскажува како била организирана заштитата на кубанскиот челник.
„Пред многу години сега покоен мајор на кубанската армија ми раскажа дека бројноста на припадниците на личното обезбедување на Фидел Кастро достигнувало до 10.000. Прво, бил формиран цврст прстен околу него. Второ, на пример, кога Кастро бил поканет во некоја амбасада, специјалните сили вршеле темелни проверки и доколку било откриено какво и да е оружје кај некого, тој бил замолуван да оддалечи, во спротивно Фидел не се појавувал. Крај него во секогаш имаше личен готвач, тој не јадеше ништо што друг ќе зготвеше. Затоа, тој можеби ја имаше најдобрата безбедносна служба на од сите претседатели во светот“, додава поранешниот агент на CIA.
Американскиот претседател Барак Обама изрази во саботата сочувство за смртта на водачот на кубанската револуција Фидел Кастро. Обама кон крајот на 2014 година објави дека го започнува процесот на подобрување на односите со Куба, кои беа прекинати повеќе од шест децении. Во 2015 година двете земји ги отворија повторни дипломатските мисии, а во март истата година Обама ја посети кубанската престолнина Хавана. Сепак, американското трговско ембарго врз Куба наметнато од страна на Конгресот досега не е укинато.