Две лица се убиени, а едно е рането кога маскиран напаѓач пукал во нив од „калашњиков“, пред кафуле во Бечиќи, Црна Гора.
Двете лица, Драган Зечевиќ и Ѓорѓе Борета, починале на самото место, додека ранет бил Иво Станишиќ. Инаку, како што пренесуваат медиумите, Борета му бил братучед на Саша Борета еден од осудените за убиството на помошник началникот во Одделението за општ криминал при Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, Славољуб Шќекиќ.
Според очевидци две маскирани лица на мотоцикл поминале покрај кафулето, а потоа едно од лицата започнало да пука од калашњиков.
Саша Борета и Љубо Биговиќ пред десет години го нарачале убиството на полицискиот инспектор, а делото го извршиле Љубо Вујановиќ и Милан Чила Шќекиќ на 30. август 2005 година.
Врховниот суд на Црна Гора овие четврорица ги осуди на затворски казни во времтраење од 30 години.