Остатоците од бунтовничките групи кои беа разбиени ноќта кон средата во северниот сириски град Алепо, влегле во јужните реони на градот преку специјално воспоставениот коридор, известува во средата телевизијата Al Manar od местото на случувањата.
Според извештајот на телевизијата, бунтовниците се извлекле по коридор долг 700 меѓу цитаделата и населбата Сафсафа. Командата на сириската армија се согласила со нивното излегување од историскиот дел на Алепо за да се поштеди преостанатиот дел од овој дел од градот од натамошни разурнувања и да се поштедат животите на цивилите кои останаа во оваа населба, соопшти војската.
Сега сириската војска и сојузничките доброволечки милиции прави чистење на теренот во древните делови од Алепо и се наоѓаат на 500 метри од средновековната тврдина којашто се издига над градот. Околу стоте бунтовници на оваа локација престанале да даваат отпор и се предале на војската, пренесува Al Manar.
Според мапата на градот којашто ја презентирала информативната служба на сириската армија, во јужните делови на Алепо под контрола на бунтовниците и натаму се ес-Салахин, ес-Сукари, ал-Калјаса, Нузха и Карем-Дадаа, со вкупна површина од околу 10 квадратни километри. Сириските владини сили во овој момент контролираа околу 80 отсто од територијата на Источно Алепо, којашто бунтовничките опозициски и радикални исламистички групации го заземаа во текот на офанзивата во 2012 година.
Сириската војска очекува дека вооружените групации ќе се согласат да се повлечат од Алепо кон соседната покраина Идлиб, бидејќи според нив натамошниот отпор е бесмислен.
Сепак, членот на раководството на Националната коалиција на опозициски и револуционерни сили, чие седиште е во Истанбул, Самир Нашар за телевизијата Al Arabia, дека вооружената опозиција нема да го напушти Алепо. Според него, опозициските борци се „подготвуваат операција за пробивање на блокадата“.