Британски снајперист за кој тамошните медиуми тврдат дека убил 47 терористи моментално ги штити британските војници во воената база Ал Асад во западен Ирак, провинција Анбар. Тој бил и во Босна и Херцеговина во текот на војната во поранешна Југославија.
Името на овој снајперист кој ги штити британските војници од безбедносни причини е непознато. Медиумите го ословуваат како “Colour Sergeant” (наредник боја). Идентитетот му е заштитен поради можна опасност за неговото семејство, пишува Mail online.
Моментално е позициониран на кров во воената база Ал Асад и ги штити британските трупи од евентуални напади на припадниците на Исламската држава. Според медиумите тој дека бил прецизен на деличина од 1.431 метри во текот на една британска операција во Авганистан.
„Ние сме тие кои први пукаат кога некој доаѓа во базата. Никој досега не се осмелил да го направи тоа,“ вели снајперистот, пишува Daili mail.
Компанијата за обезбедување за која моментално работи снајперистот, заштитува база во која се стационирани околу 2.000 луѓе, воглаво Британци, Американци и Данци.
„Припадниците на ИСИС сакаат да дојдат тука и да не убијат. Најголем успех за нив е да убијат член на коалициските сили. Најлошо сценарио е копнен напад на базата,“ вели полковник Карл Бозвел, командант на британксите сили.
Снајперистот бил 20 години во воска. Тој е очи и уши на базата, следи кој излегува и кој влегува. Служел во Босна и Херцеговина, Ирак, Авганистан, Косово и Северна Ирска.
Снајперот на неговото оружје му овозможува да гледа подалеку од 1.500 метри. Како што рекол, во текот на една мисија морал да лежи на кров 24 часа. Убил припадник на талибанци преку дупка со пречник од 45 центиметри, на оддалеченост од 300 метри.