Британка заразена со вирусот зика

Прв случај на вирусот зика кој е пренесен по сексуален пат е регистриран во Велика британија. Лекарите на бритаското здраство, потврдиле дека една жена се лекува од вирусот зика. Таа била заразена од партнерот кој патувал во една од земјите погодени од оваа епидемија.

Британските доктори предупредија да се обрне внимание на лицата кои потаувале во земјите погодени од вирусот зика.

Професорот на Медицински факултет во Лондон, Џими Витворт, објасни дека во светот се забележани повеќе од 60 случаи на заболени од овој вирус.

За зика вирусот сеуште не постои вакцина или лек. Најчестите симптоми на зика вирусната инфекција се блага треска и егзантем (црвенило на кожата), обично придружена со конјунктивитис, болка во мускулите и зглобовите и општа малаксаност, којашто започнува од два до седум дена по каснувањето од заразениот комарец.

Покрај каснување на комарец овој вирус се пренесува и со трансфузија на крв, и сексуален однос.