Уште во 2011 година, група на поранешни вработени на Apple во Сан Диего, кои во 2011 година, кои покрена колективна тужба, го добија спорот против компанијата од Купертино.
Тужбата на поранешните вработени се потпира на законот во областа на Калифорнија, кој предвидува дека секој работник кој на работното место ќе помине повеќе од пет часа има право на пауза од 30 минути за конзумирање на храна, исто така предвидува и дека вработените кои работат по четири часа имаат право на десет минути пауза.
Во тужбата се наведува и дека на вработените во Apple не им се дозволени паузи за јадење и рекреација иако истите се уредно платени.
Во тужбата се вклучени околу 21 илјади поранешни вработени на Apple, кои работеле во компанијата од 2007 година до 2012 година.
После пет години по провлекувањето по судовите конечно е донесена одлука за оваа тужба, Apple за овој пропуст ќе мора да плати 2 милиони долари (околу 95 долари по работник). Од Apple одбија да дадат било каков коментар за тужбата и пресудата.