Бугарите плаќаат најефтина, а Данците најскапа струја во ЕУ

Струјата за широка потрошувачка во првиот квартал од оваа година, според податоците на Европската служба за статистика- Eurostat, најефтина била во Бугарија, а најскапа во Данска.

Струјата во Бугарија се продава по просечна цена од 0,096 евра за киловат-час, додека Данците плаќаат тројно повеќе од Бугарите околу 0,309 евра за киловат-час.

Струјата во Бугарија е многу поефтина во однос на останатите земји на Балканскиот Полуостров: Грците плаќаат по 0,177 евра за киловат-час , а Романците по 0,132 евра.

Во останатите држави во ЕУ, Германците плаќаат 0,297 евра и Белгијците 0,254 евра за киловат-час.

Според податоците на Eurostat, цената на електричната енергија е намалена во 16 држави во ЕУ во периодот помеѓу првото полугодие од 2015 година и првото полугодие од 2016 година.

Најголемо намалување за 20 отсто е забележано на Кипар, додека во Белгија електричната енергија поскапела за 20 отсто.

Во Македонија просечната цена за киловат час изнесува околу 5,5 денари.