Светскиот првак во шах може да игра со врзани очи и да размислува како компјутер

Титулата светски првак во шах не го промени носителот. Норвежанецот, Магнус Карлсен е велемајстор во оваа игра, во финалето тој го победи Русинот Сергеј Карјакин.

Титулата светски првак ја одбрани во тај брејк, односно „рапид“ токму на својот 26-ти роденден. Карлсен во „рапидот“ победи 3:1, откако регуларниот дел заврши 6:6.

„Шахот е уметност“ рекол еднаш Карлсен, а тој е вистински уметник.

Титулата велемајстор ја стекна во 2004 година кога имаше 13 години, и така, стана трет најмлад велемајстор во историјата на шахот. Во 2010 година стигна на прво место  на ФИДА листата, а тогаш имаше само 19 години и стана најмладиот играч во историјата на шахот на кого му успеало да дојде на позиција број еден.

На возраст од 26 години, овој Норвежанец е вистински шаховски гениј. Еве неколку занимливи факти за овој велемајстор:

– на петгодишна возраст тој можел да ги наведе сите држави и нивните главни градови

– на 15 години мислел дека е еден од најдобрите играчи на планетата

– ниту еден шахист не игра толку проближно како компјутер како тој …пресметано е дека игра 98,5 отсто потези кои би ги одиграл и компјутер

– го матирал Бил Гејтс за точно 18 секунди (тука не е пресметано времето на Гејтс)

– победил со врзани очи 10 адвокати од Харвард

– заработува повеќе од милион долари годишно само од награди.

Откако го победил Карјакин, Карлсен ги повикал своите фанови заедно да ја отпеат песната за среќен 26-ти роденден.