СЕХА: Металург убедлив во Прешов

Ракометарите на Металург, во Прешов, ја забележаа третата сезонска победа во СЕХА лигата. Вечерта во саботата Металург славеше со 33:27.

Тимот на Лино Червар во Прешов одигра одличен меч, особено во второто полувреме кога го решија победникот.

Татран имаше предност само во првите десет минути (2:0, 3:1, 4:3), потоа Металург ја презеде контролата врз играта и на полувреме замина со два гола предност 13:11.

Предноста стечена во првото полувреме, македонскиот тим ја одржуваше до 38.минута кога за три минути со серија од четири гола се „одлепи“ на 20:16.

Татран успеа да се врати во мечот кога во 52.минута намали на гол негатива, но следуваше блиц криг на Металург и серија од 6:0 до 57.минута со која македонските ракометари ставија точка на натпреварот.

Одбрадовиќ постигна девет голови, а Илиќ и Гуглета по шест, а на голот блескаше Арсиќ со 15 интервенции.