Ракометарките на квалификациски турнир за пласман на СП

Женската ракометна репрезентација на Македонија од петок до недела, во Торшван на Фарските острови ќе играат во квалификациите за пласман на Светското првенство. Од четирите селекции во групата првите две ќе изборат пласман во баражот.

Македонските ракометарки квалификацискиот турнир ќе го отворат против домашната репрезентација (петок 21 часот). Фарските острови се непознат противник за избраничките на Симе Симовски, но и вистински предизвик да биде ставен крај на лошата серија, која вели дека женската репрезнетација нема победено четири и пол години.

По дуелот со Фраските острови, Македонија ќе игра против Австрија (сабота, 16 часот) и Исланд (недела, 17 часот).