Домашните победи на Панатинаикос, ЦСКА и Галатасарај го комплетираа 12.коло во кошаркарската Евролига.
Панатинаикос во Атина славеше против Фенербахче 81:70. Перо Антиќ одигра 23 минути за Фенербахче и имаше учинок од три поени, седум скока и една украдена топка. Македонскиот интернационалец ги промаши сите четири обиди за три поени.
Нанали беше најефикасен кај Фенер со 21 кош, а ПАО го предводеше Калатес со 16 поени и 11 асистенции.
ЦСКА во последната четвртина го скрши отпорот на Барселона за конечен триумф 92:76. Рускиот шампион на овој меч имаше подобра реализција на обидите за три отколку за два поени. Кошаркарите на ЦСКА погодија 15 од 23-те обиди за три поени, а само 12 од 32-та обиди за два поени.
Хигинс со 23 поени, односно Теодосиќ со 16 поени и 11 асистенции го предводеа европскиот првак до 11-та сезонска победа, додека Клавер со 17 кошеви беше најефикасниот играч на Барселона.
Галатасарај со поените на Мицов од линијата за слободни фрлања го победи Армани 83:80. токму Мицов со 23 поени беше најефикасен на натпреварот. крај/мф/нц