Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, постигна два гола за Џенова со кои го однесе својот тим во осминафиналето на италијанскиот Куп.
Џенова и Перуџа одиграа драматичен натпревар, а патникот во осминафиналето беше познат по 120 минути игра. Пандев по подолго време доби шанса да настапи за Џенова и максимално ја искористи својата шанса.
Џенова водеше 2:0 по првиот дел, а стрелци беа синот на тренерот на Атлетико Мадрид, Џовани Симеоне и Горан Пандев. Во вториот дел Перуџа израмни Бјанки и Дроле, по што натпреварот влезе во продолженија.
Пандев по 100 минути игра погоди за 3:2, а само четири минути подоцна израмни Ди Кармине. Конечниот резултат Џенова – Перуџа 4-3 го постави Нинковиќ во 116-та минута.
Џенова во осминафиналето ќе игра прoтив Лацио.