На интернет се појави првата фотографија на новиот дрес на Барселона, кој играчите на освојувачот на двојната круна во Шпанија, ќе го носат наредната сезона.
Првата гарнитура е во традиционалните бои на Барселона, со тоа што основната сина боја е нешто потемна и потсетува на бојата која на своите дресови ја има ПСЖ. Оваа гарнитура има повеќе вертикални црвени линии, но за разлика од трандиционалните, тие не се со еднакви димензии.
Производителот на дресот комапнијата Nike изненади и со гостинските варијанти на дресовите. Втората гарнитура, според бојата, потсетува на дресовите на Манчестер Сити, а третата верзија потсетува на дресовите на Рома.
Инаку на дресовите од наредната сезона ќе стои и името на новиот спонзор Rakuten, додека името на спонзорт Beko се наоѓа на левиот ракав.