Иако Нејмар го продолжи договорот со Барселона, англиските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед подготвува неверојатна понуда за Бразилецот. Јунајтед во летниот преоден рок со трансферот на Пол Погба го собори светскиот рекорд, но како што тврдат меиумите на Островот, Жозе Мурињо во летниот преоден рок подготвува вистинска бомба.
Манчестер Јунајтед минатото лето плати 110 милиони евра за Пол Погба, а во наредниот летен преоден рок Жозе Мурињо подготвува неверојатна понуда за Нејмар. Клубот од „Олд Трафорд“ бил подготвен за Нејмар да издвои 180 милиони фунти (212 милиони евра).
Нејмар неодамна го продолжи договорот со Барселона, но добро упатени извори тврдат дека играчот и клубот во моментво не се на „иста бранова должина“. Целата приказна на договорот на Нејмар со Барселона е „матна“, бидејќи постоти и трета страна, нешто на што ФИФА е алергична.
Според шпанските медиуми, во новиот договор постои клаузула според која играчот може да замине по првата година и во случај заинтересиран купувач да мунуди само минимална сума од обештетувањето, кое во случајов изнесува 200 милиони евра.
Токму оваа клаузула е картата на која ќе игра Манчестер Јунајтед, но и ПСЖ кој минатото лето бил блиску до потпишување договор со Бразилецот, за годишна плата од неверојатни 40 милионие евра.
Уште еден адут за клубовите надвор од Шпанија е и судскиот спор кој Нејмар и неговиот татко го водат со шпанската држава поради неплаќање данок.