Младата репрезентација во група со Шпанија, Португалија и Србија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година на Европското првенство во Полска ќе игра во Б групата против Португалија, Шпанија и Србија.

Натпреварите во Б групата ќе се играат во градовите Гдањск и Бидгошч, а Македонија во првиот меч ќе игра против Шпанија на 17. јуни, три дена подоцна противник на младите фудбалери ќе биде Португалија, а во последниот меч со Србија на 23. јуни.

Во А групата се домаќинот Полска, бранителот на титулата Шведска, односно Англија и Словачка, а во Групата Ц ќе се натпреваруваат Германија, Италија, Чешка и Данска.

Мечевите од А групата ќе се играат во Лублин и Кјелце, а во Ц групата во Краков и Тичи.

Победниците на групите и најдобрата вторпласирана селекција ќе изборат пласман во полуфиналето.

Европското првенство во Полска ќе се одржува од 16. до 30. јуни наредната година