Филип Кузмановски поради повреда ќе го пропушти Светското ракометно првенство во Франција. Младиот играч на Металург се повреди во неделата на натпреварот со татран Прешов (26:20).
Бекот на Металург и македонската репрезентацијата, Филип Кузмановски, во раната фаза на натпреварот се здоби со скршеница на дланаката на десната рака.
Клубот во понеделник, по дополнителните прегледи, ќе се огласи за сериозноста на повредата, но вообичаено рехаблитиацијата од ваквите повреди трае околу осум недели.
Ова значи дека Кузмановски ќе го пропушти Светското првенство во Франција, кое ќе се игра во јануари наредната година.
„Задоволен сум од победата, но ми се плаче поради Кузмановски. Ова е хголем удар за клубот, репрезентацијата и за него. Се надевм дека доколку постои и најмала можност ќе настапи на Светското првенство во Франција“, рече тренерот на Металург и селектор на Македонија, Лино Червар.
Повредата на Кузмановски е уште еден голем хендикеп за тимот од Автокоманда, кој од стартот на сезоната, речиси и да нема одиграно натпревар во комплетен состав