Кошаркарите на Задар го прекинаа штрајкот

Кошаркарите на Задар го прекинаа штрајкот, потврдил за „Слободна Далмација“, капитенот на тимот Јаков Владовиќ.

Играчите на Задар штрајкуваа поради тоа што клубот доцнел со ипсплата на платите. Штрајкот го започнаа во понеделникот, веднаш по оставката која ја поднесе тренерот Анте Матуловиќ, која ја иницира поразот на домашен терен од партизан во неделата.

Капитенот Владовиќ потоврил дека играчите им се вратиле на тренинзите, кои ги води помошникот на Матуловиќ.

Задар по десет кола во АБА лигата има скор од четири победи и шест порази. Во наредното коло Задар ќе гостува кај Цибона во Загреб.