Карате: Недев и Саздова европски шампиони

Најдобриот македонски каратист Дејан Недев во саботата освои историско злато и првпат стана шампион на Европа во дисциплината кати поединечно за сениори на шампионатот на кој Мила Саздова во кадетска конкуренција освои златен медал, информираа во саботата од МТКФ.

Дејан Недев го освои златото во дисциплината кати поединецно за сениори, во која второто место му припадна на претставникот на Австрија, а третото на натпреварувачот од Португалија.

Инаку ова за Недев е второ злато од официјалните Европски првенства, тој првиот златен медал го освои во 2011 година во кумите-борба на Европскиот шампионат во Јерусалем Израел.

Во кадетска конкуренција, пак, Мила Саздова го освои својот прв златен медал за официјалните Европски првенства. Второ место ѝ припадна на репрезентативката на Словенија а третото место на преставничката на Србија.

Во тек се финалните напревари на 32-то Европско првенство во традиционално карате во Крањска гора, Слвоенија, а во дисциплината кати екипно македонскиот јуниорски тим е во финале и ќе се бори на некој од медалите.