Јувентус подолг период без Бонучи и Дани Алвеш

Актуелниот шампион и лидер во Серија А во наредните три месеци ќе биде без двајца важни играчи од одбраната, Леонардо Бонучи и Дани Алвеш.

Бонучи и Дани Алвеш се повредија на неделниот натпревар со Џенова, кој лидерот го загуби со 3:1.

Италијанскиот репрезентативец надвор од терените ќе биде помеѓу 45 и 60 дена, додека Бразилецот ќе паузира најмалку три месеци.

Дани Алвеш против Џенова со здобил со фрактура на левата нога.

Повредите на Бонучи и Алвеш ги натераа челниците на Јувентус да ги интензивираат преговорите со Челзи околу трансферот на Бранислав Ивановиќ, кој го загуби првотимскиот статус во лондонскиот тим.