Хари Кејн во Тотенхем до 2022 година

Напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн, во четврток го продолжил договорот со клубот до 2022 година, пренесе британскиот сервис БиБиСи.

Хари Кејн во изминатите две сезони е еден од најдобрите играчи на Тотенхем, а минатата сезона со 25 голови беше и најдобар стрелец во Премиерлигата.

Неофицијално, со новиот договор Кејн неделно ќе заработува 125.000 фунти или годишно 6,5 милиони фунти, што го прави најплатениот фудбалер на Тотенхем на сите времиња.

Овој 23-годишен напаѓач е дете на Тотенхем, а за првиот тим има одиграно 137 натпревари и постигнато 70 голови.

Кејн е стандарден репрезентативец на Англија, има одиграно 17 натпревари и постигнато пет голови, а на своето деби против Литванија постигна гол 73 секунди по влегувањето во игра.